Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жената која беше пронајдена во водите на реката Вардар е исчезната Лидија од Јурумлери

Жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери, дознава 24Инфо.мк.

Од порталот за ова добиле потврда од нејзините најблиски.

Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.

Порталот Фокус.мк објави дека биле земени ДНК податоци за анализа од братот и сестрата на Лидија, и дека резултатите потврдиле дека починатата жена е нивната сестра по која неуморно трагаа повеќе од два месеца.

Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.

Зачлени се на нашиот е-билтен