Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жените во Македонија почесто работат пониско платени и помалку барани професии

Жените на македонскиот пазар на труд се позастапени во занимања со пониски примања и помала побарувачка, покажува анализата на Finance Think. За разлика од тоа, мажите доминираат во поплатени и атрактивни сектори како ИТ, инженерство и технички професии, каде што има поголема потреба од работна сила.

Најновиот бриф на Finance Think укажува дека професионалниот јаз (разликата меѓу понудата и побарувачката на работници) е најизразен во занимањата каде што доминираат жените.

За да се намали оваа нееднаквост, потребни се флексибилни работни услови, еднаков пристап до напредок во кариерата и подобро кариерно насочување на девојчињата и жените. Исто така, од Finance Think потенцираат дека е неопходно реструктурирање на образовниот систем според пазарните потреби и зголемување на јавната свест за важноста на правилниот избор на професија.

Зачлени се на нашиот е-билтен