Жерновски: Допрва ќе се видат врските меѓу Груевски и Мицкоски

Жерновски

Немам лошто мислење за ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа ако имате раководство како Груевски и Мицкоски, како да бидам мирен, погледнете го извештајот, се враќаме назад, истакна членот на ИО на СДСМ Андреј Жерновски, во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

-Видете ја изјавата на претседателката на државата дека не е време за реформи, бидејќи се случуваат војни, идентичниот став претходно кажан од Груевски, тоа не може да биде случајно, рече Жерновски.

Тој додаде дека тоа е вадење на демиџ контрол од „извештајчето“, кое е катастрофално и потоа се случува уште понагласено влијание на Груевски, кое беше намалено.

-Така да на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски нема да биде физички присутен, ама кадровски во ставови и психички ќе биде присутен, допрва ќе го гледаме тоа, додаде Жерновски

Тој посочи дека седум години откако дојде СДСМ на власт напредувавме чекор по чекор во слободата на медиумите и завршивме во 2024 година на 36 место, пред Словенија, која беше 42, а Албанија на 99 место. Само 6 месеци откако дојдоа на власт од 36 паднавме на 42 место. 

-Падот се должи на желбата на една власт да ги јавне медиумите. Допрва ќе гледаме сличности со Груевски, рече членот на ИО, Андреј Жерновски на Канал 5 Телевизија.

Зачлени се на нашиот е-билтен