Жичницата на Водно е повторно во функција, автобусите утре ќе возат по неделен возен ред

жичницата на Водно

Од денес продолжува со работа жичницата Милениумски крст. По изминатиот период во кој се спроведе предвидениот годишен сервис, жичницата на Водно е ставена повторно во функција, соопштија од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на ден 28.08.2025 година (четврток), ќе се работи по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

На ден 28.08.2025 година (четврток), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:

– Транспортен центар; и

– Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Воедно, Ве информираме дека од понеделник (01.09.2025 год), согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.

Зачлени се на нашиот е-билтен