Полицијата кај 28-годишник од струшкото село Ложани пронашла автоматска пушка со дрвен кундак и рамка со 14 куршуми за автоматско оружје. Освен тоа, на пушката ги фалсификувал ознаките со бришење и уништување на фабричкиот број со оружјето, соопшти Основното јавно обвинителство од Струга.
Тие издале наредба за спроведување истражна постапка за крвично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, како и Фалсификување на огнено оружје.
ОЈО за осомничениот бара и мерка притвор поради постоење на опасност од бегство и можност да влијае врз сведоци.
Автоматското оружје и муницијата се забранети за граѓаните и за нив не може да се добие дозвола за поседување.