МВР објави дека 51-годишен жител на селото Црнилиште е приведен поради пукање од оружје, чија сцена беше споделена на социјалната мрежа Фејсбук.
Полицијата направила претрес во неговиот дом, при што биле откриени три парчиња оружје што тој ги поседувал со дозвола, меѓу кои ловна пушка, карабин и пиштол, како и 395 куршуми различен калибар и 17 ловни патрони. Пронајден е и ресивер поврзан со систем за видеонадзор.
Оружјето е привремено одземено, а дозволата за оружје ќе биде ревидирана. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на неговиот син и продолжува со истрагата.