Откако Општина Аеродром остана без реакција на барањата изразени на првиот простест, жителите на населбата Лисиче и денеска го блокираа булеварот „Србија“ во знак на револт кон ДУП-от поднесен од страна на општината Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски.
Една од пораките од протестот денеска е дека со новиот ДУП општината и урбаната мафија од жителите на Лисиче ќе направи затвореници во сопствените домови. Повикаа сите советници во општина Аеродром да застанат против, како што велат, градежното лудило на општинската власт.
Како што е познато, новиот ДУП предвидува изградба на една 12 катница, три осум катници и пет помали згради во овој дел од населбата кој плански изграден по земјотресот во 1970 тите и е предвиден за семејно домување во куќи.
До сега немало згради во овој дел. Токму затоа и револтот на жителите на Лисиче е огромен. Тие велат дека со новите згради руши протокот на ветрови во овој дел од населбата и загадувањето ќе биде енормно зголемено.
И на денешниот протест жителите на населба Лисиче уште еднаш јасно и гласно кажаа „не“ на насилната бетонизација на Лисиче.