ЗНАМ му честиташе на Петар Маѓар, од ВМРО-ДПМНЕ молк

ЗНАМ

Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатуваме искрени честитки до господинот Петар Маѓар по повод укажаната доверба од граѓаните, како и до партијата ТИСА за остварениот изборен резултат.

Ова се истакнува во честитката на ЗНАМ, коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ во владата на Мицкоски.

Од ЗНАМ порачуваат дека се „уверени сме дека билатералните односи помеѓу Република Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет, како и дека ќе се унапредат на уште повисоко ниво, водени од заедничките европски вредности, принципите на демократијата и меѓусебната поддршка“.

„Традиционалното пријателство меѓу двете држави претставува цврста основа за понатамошно продлабочување и унапредување на соработката и заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот“, порачуваат од ЗНАМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ сега нема ни глас за нивниот став за изборните резултати во Унгарија, што, секако, е разбирливо, кога веќе се знае дека Мицкоски на ден-два пред изборите беше во Будимпешта за да му даде поддршка на партискиот и личен пријател Виктор Орбан.

За нив прва грижа денеска беше да го „искараат“ Филипче да престане да се фокусира на изборни процеси во други држави.

Зачлени се на нашиот е-билтен