Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЗНМ: Директорката на Козле врши притисок кон медиумите и сака да врши директна цензура

В.д. директорката на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ Д-р Каролина Симоновска објави соопштение во кое забранува нејзиното име на да се споменува во медиумите, потег што Здружението на новинари го оцени како форма на јавен притисок кон медиумите.

„Ваквите објави се директна цензура врз новинарите и ја поткопуваат слободата на изразување и независноста на медиумите“ велат од ЗНМ.

Симоновска во нејзината изјави пишува дека не се согласува и не дава согласност нејзиното име и презиме и професионалност да бидат објавени по медиуми.

„Особено во ниеден случај моето име и презиме и мојата професионалност да биде злоупотребувано на начин што неовластено и во контекст на невисинити објави ќе биде употребувано јавно по медиуми“ пишува Симоновска и додава дека ќе презема законски мерки за неовластена употреба на нејзиното име и презиме.

Од ЗНМ ги потсетуваат сите носители на јавни функции дека доколку имаат забелешки за објавени медиумски содржини, секогаш може да побараат исправка или демант, како и дека може да ги контактираат телата за саморегулација.

„Оваа форма на јавни известувања е неприфатлива бидејќи создава атмосфера на заплашување и недоверба, што е спротивно на демократските вредности и јавниот интерес“ велат од ЗНМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен