Министерот за транспорт и врски Александар Николоски денеска на прес конференциија се пофали дека државата го добила случајот „Казандол“.
– Сакам да информирам за донесената пресуда во арбитражната постапка „Казандол“ каде државата беше тужена од неколку инвеститори. Нивното барање беше 115 милиони евра отштета, но можам со гордост да кажам дека овој случај го добивме, сите 11 основи по кои државата беше тужена се одбиени и заштедени се 115 милиони евра. Пресдудата е целосно во наша корист, а случајот не беше воопшто лесен, подвлече Николоски.
Но ова што денеска го кажа Николоски е сосема спротивно на тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ја загубила арбитражата со Казандол и дека „граѓаните ќе треба да платат 450 милиони долари заради неодговорно однесување на претходната влада.
Еве што кажа Мицкоски на 19 ноември во 2024 година.
– Еве ќе ви дадам еден пример, да речеме завршува една арбитража, односно веќе е завршена, и поради едно такво неодговорно однесување на претходната влада, сега вие граѓаните ќе треба да платите 450 милиони долари изгубена добивка. Завршена е таа арбитража, рече тогаш Мицкоски.
Зошто Мицкоски тогаш манипулираше со јавноста е нејасно, но она што е јасно и вистинито е дека Владата предводена од СДСМ во 2018 ја отвори и спроведе постапката за укинување на експлоатационата дозвола и раскинување на концесијата за рударскиот комплекс „Казандол“, проект одобрен во јули 2015 во време на владеењето на Никола Груевски. Тогаш на 58-та седница тогаш беше побарано Министерството за економија во рок од седум дена да достави информација за исполнетост на условите за раскинување на договорот за експлоатација на бакар, злато и сребро и за одземање на дозволата на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран. Потегот уследи по масовни протести на жителите од југоистокот кои предупредуваа дека рударските активности, опасните хемикалии и минирањата ќе ја загадат животната средина, ќе го загрозат земјоделието и драматично ќе го влошат квалитетот на живот.
Арбитражните процеси се долготрајни и со повеќекратни правни рунди, а денес Николоски го објави епилогот на процесот што практично го започна СДСМ.