Скандалозните ставови на претседателката Давкова дека „не било време за реформи” поради тоа што во Европа имало војни е политичко ехо на пораките на Никола Груевски, кој само неколку дена претходно од Будимпешта испрати идентичен наратив, велат од опозициската СДСМ.
Оттаму, прашуваат зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи за Никола Груевски?
„Ова е доказ дека Груевски и понатаму ја води партијата од Будимпешта, а Мицкоски и Сиљановска се само формални извршители на неговите директиви.
Се повеќе станува јасно дека владата станува заробена од бегалец од правдата, кој од туѓа држава диктира што треба да се случува“ се наведува во соопштението на СДСМ.

