Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Никола Маркоски е пример дека може да се успее дома и дека треба да ги поддржиме успешните македонски приказни

Младиот Никола Маркоски ни покажа дека и дома се успева. Тој е директор на развој во “Грин Машинс”, а се врати од Германија како успешен научник во полето на физиката да допринесе за поголем успех и развој на нашата држава.

Да го зголемиме влогот во младите луѓе. Да обезбедуваме уште повеќе менторство и поголема финансиска поддршка за остварување на нивните соништа и идеи. Само така ќе се добие вистински напредок во нашето општество.

И институциите, и компаниите, потребно е да ги согледаат и да ги поддржат способностите, заложбите и капацитетот на нашата младина и на тој начин сите заедно да направиме повеќе за нашата сегашност и нашата иднина.

Преземено од Фондација Заев – Едно општество за сите

Зачлени се на нашиот е-билтен