Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

10 војници убиени при заседа во Нигер

Воената хунта во Нигер соопшти дека во близина на границата со Буркина Фасо убиени се најмалку 10 нигерски војници од група криминалци.

„Интервентна единици во понеделникот е испратена во западниот дел од земјата за да ги уапси криминалците кои крадат стока во селото Такзат. Во текот на операцијата групата криминалци поставила заседа што резултираше со загуба на 10 наши војници“, се наведува во соопштението на хунтата, без да прецизира кои се криминалците.

Во соопштението се посочува дека војниците вчера неутрализирале 15 терористи.

Нигер, заедно со соседите Буркина Фасо и Мали, се бори со бунтот на џихадистичките групи, вклучително и некои поврзани со Ал Каеда и Исламската држава, повеќе од една деценија.

Нигер, како и соседните земји Буркина Фасо и Мали, повеќе од една деценија се борат со бунтот на џихадистичките групи.

Зачлени се на нашиот е-билтен