Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити на „Молитвен појадок“ во Вашингтон

 Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити денеска во Вашингтон присуствувал на „Молитвениот појадок“, кој обединува политички лидери и влијателни личности од целиот свет, соопштија од Демократското движење.

Меџити, како што е наведено во соопштението, ја истакнал важноста на дијалогот и клучната улога на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави. Тој нагласил дека за време на неговата посета на Вашингтон е посветен на зајакнување на врските на Северна Македонија со демократскиот свет, промовирајќи заеднички вредности и пријателство меѓу народите.

„Вербата, вредностите и пријателството меѓу народите се мостовите што нѐ поврзуваат и врз кои треба да ја градиме инклузивната иднина“, истакнал Меџити.

За време на престојот во САД, како што се наведува во соопштението, Меџити остварил значајни средби, потврдувајќи ја посветеноста на Северна Македонија за продлабочување на меѓународната соработка и зајакнување на стратешките партнерства

Зачлени се на нашиот е-билтен