Уставниот суд пред нови предизвици, поништен изборот на судијката Елизабета Дуковска

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, веќе ја подготвил и ќе ја испрати писмената нотификација со која го информира Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, со која пак се поништува изборот од 2023 година за уставната судијка Елизабета Дуковска.

Од кабинетот на Гаши по оваа одлука очекуваат предлог за нов член на Уставниот суд.

Елизабета Дуковска беше судијка известител во предметот во кој се оспоруваат делови од Законот за употреба на јазиците.

Нејзиното повлекување од Уставниот суд отвора можност за одложување на одлуката за овој закон, имајќи предвид дека Уставниот суд веќе донесе заклучок дека за овој предмет мора да одлучува во полн состав на судии.

Сè уште не е познато дали со заминувањето на Дуковска предметот за Законот за јазиците ќе му биде доделен на еден од другите осум судии или ќе го наследи нејзиниот можен наследник.

Зачлени се на нашиот е-билтен