Европските социјалисти во одбрана на Македонија, контра бугарските амандмани

Во Комитетот за надворешни работи (AFET) на Европскиот парламент се одржува расправа за нацрт-извештајот за напредокот на Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ. Иако гласањето е одложено за 24 јуни 2025 година, дискусијата за поднесените амандмани е во тек.

Бугарските европратеници поднесоа над 300 амандмани, барајќи вклучување на формулации кои се однесуваат на „говор на омраза против Бугарија и Бугарите“, како и на „дискриминација, вознемирување, заплашување и насилство врз припадниците на бугарското малцинство“. Тие исто така бараат имплементацијата на Договорот за пријателство со Бугарија да биде услов за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ.

Грчките европратеници изразија загриженост за почитувањето на Преспанскиот договор, особено во однос на употребата на терминот „македонски“ и доследната употреба на договорената терминологија.

Но некои пратеници се со подршка на Македонија.
Словенецот Матеј Тонин, повика Северна Македонија да се фокусира на реформите наместо на билатералните спорови, нагласувајќи дека решавањето на овие прашања треба да се одвива одделно од процесот на пристапување во ЕУ.
Европратеникот Начо Санчез Амор, член на групата на Социјалисти и Демократи (S&D) во Европскиот парламент, јавно ја критикуваше кампањата на Бугарија против известувачот Томас Вајц, нарекувајќи ја „гадна, полна со обвинувања и инсинуации“. 
Санчез Амор истакна дека ваквиот пристап е неприфатлив и дека билатералните спорови не треба да се користат за блокирање на европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Тој ја повика Бугарија да се воздржи од националистички реторики и да се фокусира на конструктивен дијалог.

Некои европратеници од секогаш биле критични кон односот на Бугарија и нејзините ставови за билатеризација на процесот на пропирување.

Тања Фајон S&D, Словенија, го нарече бугарското вето „неодговорно“ и изјави дека „веродостојноста на ЕУ е во прашање“ поради оваа блокада.  

Дацијан Чолош како претседател на групата Renew Europe, ја повика Бугарија да го укине ветото, нагласувајќи дека процесот на проширување не треба да се користи за националистички цели.  

Тинејке Стрик од Зелените,Холандија изрази загриженост дека билатералните прашања ја „загадуваат“ европската перспектива на Северна Македонија и повика ЕУ да изврши притисок врз Бугарија да ги намали своите барања.

Овие ставови ја одразуваат загриженоста на дел од европратениците дека билатералните спорови, како што е оној меѓу Бугарија и Северна Македонија, не треба да го попречуваат процесот на проширување на ЕУ.




















Зачлени се на нашиот е-билтен