Подготовки за Самитот на НАТО во Брисел

Самитот на НАТО во Хаг, поддршката за Украина и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната ќе бидат главни теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.

Состанок ќе започне со седница на Северноатлантскиот совет на која министрите ќе разговараат за подготовките на Самитот во Хаг што треба да се одржи од 24 до 26 јуни и за трошоците за одбраната, а, според најавите, ќе донесат и клучни одлуки за подобрување на одвраќањето и одбраната на НАТО. 

Како што најави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на вчерашната прес-конференција во пресрет на министерскиот состанок, на него ќе биде направен огромен скок напред во зајакнувањето на капацитетите за одвраќање и одбрана на Алијансата со усогласување на нови амбициозни цели.  

– Овие цели ги утврдуваат силите и конкретните капацитети што сојузниците треба да ги обезбедат за да го зајакнат нашето одвраќање и одбрана, рече Руте.  

За остварување на овие цели, за соочување со секоја закана и за целосно спроведување на плановите за колективна одбрана, според Руте, на Алијансата и се потребни повеќе ресурси, сили и капацитети за што се потребни значително повисоки одвојување за одбраната.  
На состанокот ќе учествува и македонскиот министер Владо Мисајловски.

Зачлени се на нашиот е-билтен