Предлогот за изменување и дополнување на Изборниот законик,за воведување на една изборна единица, денеска е на дневен ред на 53. седница на Собранието.
Како што се наведува во образложението, предложените законски решенија ќе придонесат кон зголемена вклученост на граѓаните во изборниот процес, особено преку унапредување на можноста за учество на независни кандидати и граѓански иницијативи.
Законот се носи по скратена постапка а е на предлог од Моника Зајкова пратеничка и лидер на ЛДП.
-Воведување на една изборна единица – со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба; Воведување на преференцијално гласање – со цел да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и да се зголеми одговорноста на избраните претставници; Поголема застапеност на помалите политички субјекти – преку правично претставување согласно реалната добиена поддршка на национално ниво се наведува во образложението за измените на Предлог-законот објавен во веб-страна на Собрание.