Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

АД Аеродроми ja разреши Миликије Халими од директорската позиција

Миликије Халими, околу која се испреплете голема контроверзност за тоа дали ги има потребните квалификации за таа позиција, не е повеќе директорка на државното акционерско друштво „Аеродроми на РСМ“.

„АД Аеродроми на РСМ иврши промена во органите на управување. Со одлука за разрешување од функцијата претседател на Управниот одбор на АД за аеродромски услуги „Аеродроми на РСМ“, се разрешува од функцијата претседател на Управниот одбпор на АД „Аеродроми“ лицето Миликије Халими, и се отповикува како член на УО кој го носи називот Генерален директор на друштвото.

Со одлука за избор на в.д. претседател на УП на АД „Аеродроми на РСМ“ за в.д претседател на УО се избиора лицето Игор Трајановски“, се вели во објавата од компанијата на Макледонската берза за долгорочни хартии од вредност. 

Миликије Халими беше поранешна градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ, а на крајот на октомври минатата година, беше назначена за нов извршен директор на државната компанија „Аеродроми на РСМ“. Таа ја преземе функцијата од Трајче Ангеловски.

Зачлени се на нашиот е-билтен