Адвокатите на отстранетиот и уапсени градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, поднеле барање за жалба за неговото апсење до судот во Истанбул.
-Бараме да се укине апсењето на Екрем Имамоглу, кое беше спроведено како резултат на истрага спроведена со незаконски средства од почеток до крај, за која беа дадени конкретни факти на кои реагираа милиони луѓе, а лицето да се ослободи, велат тие.
Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу беше приведен на 19 март заедно со голем број членови на Народно-републиканската партија (НРП), а на 23 март судот му го продолжи притворот поради обвинение за корупција, а само неколку дена подоцна општинскиот совет на Истанбул го отстрани Имамоглу од функцијата и го назначи Нури Аслан за негов привремен заменик.
Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести низ целата земја, вклучително и судири меѓу полицијата и демонстрантите, како и нови апсења.
Во исто време, Имамоглу беше избран за официјален кандидат за претседателската трка од НРП, а опозицијата започна петиција со која бара негово итно ослободување и одржување на предвремени претседателски избори, пред редовните што треба да се одржат во 2028 година.