Африм Гаши нема информации дека во моментот некоја пратеничка група подготвува измени на Законот за судскиот совет

– Во предизборната кампања клучно ветување ни беше реформата во правосудството и сакаме ова да го направиме сериозно, консензуално, долгорочно и ако треба, да го смениме и Уставот. Мора јасно да ги детектираме проблемите и да ги решиме, за да не ги решаваме во од, така како што се појавуваат. Затоа треба да се дијагностицираат, па да прејдеме на терапија, оти превентивата одамна не ни врши работа – рече Гаши.

На прашањето дали оваа конкретна законска измена, со која ќе се овозможи Собранието да ги разреши членовите на Судскиот совет што тоа ги избрало, мора да го чека целиот пакет со закони за реформи на правосудството, Гаши одговори дека нема да го чекаат целиот пакет закони.

– Принцип во правото е дека оној кој го составува еден орган, тој и го разрешува. Не значи дека треба да го чекаме целиот реформски пакет, но, како што реков, за смена на членовите сакаме да бидеме внимателни, точни и коректни со Уставот и законите. 

Тој додаде и дека нема информации дека во моментот некоја пратеничка група подготвува измени на Законот за судскиот совет.

Зачлени се на нашиот е-билтен