Ахмети, како тиктокер, продолжува во јавноста со разно разни предизвици, вниманието да го насочува кон меѓунационалните односи. Најновиот „изум“ на тиктокерот Ахмети е пораката од Чашка, во која вели „ако сите што зборуваат албански ги испратиме во Албанија, а оние кои зборуваат бугарски во Бугарија, праша на кого ќе ја оставиме оваа држава“.
Изјавата на Ахмети им легна на срце на бугарските медиуми. БГНЕС толкуваат дека со оваа изјава Ахмети алудирал на тоа дека Македонците зборуваат бугарски јазик.
„Ги гледам како зборуваат како змии, како оваа земја да им припаѓа само на Македонците. Но, не е така, затоа што не е само нивна. Албанците не се од вчера во оваа земја. Не прашуваат зошто Албанците овде зборуваат албански, а Алжирците во Франција не зборуваат арапски, а 6-те милиони Турци во Германија не зборуваат турски, а велат: „Ако овие луѓе сакаат да зборуваат албански, нека одат во Албанија“. Вака некој треба да оди во Бугарија,а друг во Албанија, но на кого ќе му ја оставиме оваа земја“, прашал Али Ахмети
Ахмети пред граѓаните од Чашка порачал дека тие не се дојденци во земјава и Македонците не треба да се грижат за албанскиот јазик и напредокот на Албанците. Разочаран бил од ставовите на интелектуалци и аналитичари македонци кои не можеле да прифатат дека Албанците во државата не се веќе станари туку сопственици на своите домови, обезбедиле свој статус, зборуваат свој јазик и имаат албанска администрација, полиција, војници и се застапени во сите институции.