Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, реагираше до премиерот на Косово, Албин Курти во врска со неговите коментари за Законот за јазиците.
Лидерот Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор’.
Како што објавува косовскиот „Бота сот“, ова Ахмети синоќа го говорел на средба со стотина симпатизери и членови на партијата во Бутел.