Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ако Тошковски не знае каде е Груби, нека го праша Ахмети

„Како е можно и Ахмети и Меџити да знаат каде е Груби само Тошковски да е целосно незапознаен. Зошто обвинителството и Тошковски не го повикуваат Ахмети да даде изјава“? Оваа дилема денеска ја отвори опозициската СДСМ, откако лидерот на ДУИ Али Ахмети, за косовските медиуми рече дека Груби не избегал и дека тој самиот немал контакт со него, но тврди дека има информации дека поранешниот прв вицепремиер е добро и дека се наоѓа на албанска територија.

„Ние сме против селективна правда и употреба на навреди и клевети за дневно-политички цели и подготвени сме да одговориме во секој момент. Груби не избега, ќе одговара пред органите на правдата, но во договор правдата да не се злоупотребува за политички цели“, изјава на Ахмети кои ја пренесоа дел од медиумите во земјава на албански јазик.

Од СДСМ,велат дека ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот.

„Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува. Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ но таквите обиди се јалови. Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара ниту е одговорен за неговото бегство туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле“, велат во СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмаздничка и селективна правда.

Денеска и премиерот Христијан Мицскоски изрази надеж дека Обвинителството ќе реагира по допрен глас.

„Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт департментот дека прави политички прогон“, изјави денеска Мицкоски.

Амабасадорката на САД во државава Анџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство,  денеска изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби, но порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела.

„Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела и се надевам дека тој (Груби) е еден од нив“, изјави Агелер.

Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот. Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ но таквите обиди се јалови. Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара ниту е одговорен за неговото бегство туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле.

Државата тоне а граѓаните се осиромашуваат заради Мицкоски и неговите политики. Инфлацијата расте, цените растат, имаат катастрофална реализација на капиталните инвестиции, а државата е заглавен во секој поглед. На ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго освен да манипулираат, напаѓаат, лажат и сеат страв меѓу граѓаните, на другите полиња секако целосно потфрлија.

И власта и опозицијата побараа обвинителството, да го повикаат Ахмети да каже каде е бегалецот Груби. Реакциите следуваат откако лидерот на ДУИ од Косово, изјави дека поранешниот вицепремиер се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава, само ако нема одмазничка и селективна правда.

Премиерот Христијан Мицкоски, се надева дека до Обвинителството ќе допре изјавата на Ахмети.

И вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, повика  Обвинителството да го викнат на  распит Ахмети, бидејќи во изјава за јавноста, кажал дека знаел за локацијата на неговиот сопартиец.

Од СДСМ пак велат дека откако лидерот на ДУИ Али Ахмети, застанал во одбрана на Артан Груби, повеќе од јасно е дека и самиот тој е добро информиран, за Груби и има важни информации за случајот.

„Зошто обвинителството и Тошковски не го повикуваат Ахмети да даде изјава? Како е можно и Ахмети и Меџити да знаат каде е Груби само Тошковски да е целосно незапознаен?Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот, соопштија од СДСМ

Од Обвинителството, објавија дека е издадена наредба за распишување на национална и меѓународна потерница за Груби. Нема да го повика првиот интегративец, оти такви овластувања имаат како што рекоа – други домашни и меѓународни органи.

„Домашните и меѓународните органи се задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот., соопштија од Јавното обвинителство.

Од МВР велат дека постапуваат по потерници. Но, во интерес на истрагата – за случајот Груби засега нема да споделат никакви информации за јавноста.

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека Обвинителството ќе го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети кој, како што пренесоа вчера косовските медиуми, изјавил дека поранешниот вицепремиер Артан Груби се наоѓа на албанска територија и дека ќе се врати во земјава само ако нема одмаздничка и селективна правда.

Добивај вести на вибер

– Се надевам дека ова допира до Обвинителството и има правна процедура во којашто ако имаме личност која знае каде се наоѓа бегалец од законот дека ќе ја повика таа личност и таа ќе даде одговор на прашањето каде се наоѓа бегалецот од правдата. За се останато можам да дадам коментар дека на секого во државата му е јасно како се поставуваа обвинители и судии изминативе седум години. Истите тие без кои не можеше да помина квалификацијата преку Академијата на судии и јавни обвинители, сега велат дека правдата некому му била оневозможена и дека ова било политички прогон. Да потсетам – именуваното лице бегалец се наоѓа на листата на санкции на САД и таму јавно велат дека ова лице заедно со едно друго се поврзуваат со големи коруптивни скандали. Претпоставувам дека нема да го обвинат и Стејт департментот дека прави политички прогон, изјави денеска Мицкоски.

Според премиерот, најлесен начин да се докаже дали некој е виновен или не, е да дојде, да даде исказ и да се соочи со правдата.

– Нема ништо лошо во тоа да дојдеш и да кажеш дали си во право или не, а обвинителите и судиите да одлучат понатаму што и како. Ние не се мешаме, тие нека одлучат врз основа на доказите што ќе ги добијат од истрагата, рече Мицкоски.

Тошковски и Обвинителството да го повикаат Ахмети на исказ за да каже каде е Груби

Откако лидерот на ДУИ застана во одбрана на Груби, повеќе од јасно е дека самиот тој е добро информиран за тоа каде е Груби и има важни информации за случајот. Зошто обвинителството и Тошковски не го повикуваат Ахмети да даде изјава? Како е можно и Ахмети и Меџити да знаат каде е Груби само Тошковски да е целосно незапознаен?

Ова е класичен пример на селективност, но и огромна неспособност на Тошковски и МВР да го спроведат законот. Артан Груби треба да одговара пред законите на државата но заради неспособноста на Тошковски или пак скриен политички договор тоа не се случува.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ од петни жили се обидува ова фијаско да го префли на СДСМ но таквите обиди се јалови. Ниту СДСМ е виновен што Груби не одговара ниту е одговорен за неговото бегство туку за тоа е виновен само Тошковски и МВР. Во меѓувреме се обидуваат со димни бомби и нови пораки на сеење страв да ги прикријат своите неуспеси на секое поле.

Државата тоне а граѓаните се осиромашуваат заради Мицкоски и неговите политики. Инфлацијата расте, цените растат, имаат катастрофална реализација на капиталните инвестиции, а државата е заглавен во секој поглед. На ВМРО-ДПМНЕ не им останува ништо друго освен да манипулираат, напаѓаат, лажат и сеат страв меѓу граѓаните, на другите полиња секако целосно потфрлија.

Зачлени се на нашиот е-билтен