Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет планира да го посети Израел пред патувањето на претседателот Доналд Трамп на Блискиот Исток, објави денеска порталот Аксиос, повикувајќи се на извори меѓу израелските официјални претставници.
Пристигнувањето на Хегсет во Израел се очекува на 12 мај, кога ќе се сретне со министерот за одбрана на земјата Израел Кац, како и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Потоа се очекува шефот на Пентагон да му се придружи на Трамп на неговата турнеја на Блискиот Исток.