Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го пречека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа на 7 јули, објави Aксиос, повикувајќи се на изјава на израелски функционер.
Американскиот портал минатата недела објави, исто така, повикувајќи се на свои извори, дека Нетанјаху сака да се сретне со Трамп во наредните недели за да разговара за заедничко американско-израелско бомбардирање на нуклеарната програма на Иран.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, минатиот четврток изјави дека нема одреден датум за посетата на Нетанјаху, но дека Трамп е „многу отворен“ за тоа.
Трамп го осуди актуелното судење за корупција против Нетанјаху како „лов на вештерки“, што беше поздравено од сојузниците на израелскиот лидер