Активен пожар во Дрисла, само месецов имаше 484

Активен е пожар во скопската депонија Дрисла, што избувна вчера, кога биле регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор.  – Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично), информираа утрово од ЦУК. 

Од почетокот на месецов заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери. Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта.

Во текот на вчерашниот ден пожари имало во: Општина Илинден: с.Илинден (ѓубриште);

Општина Сарај: с.Ласкарце (ѓубриште и ниска вегетација);

Општина Кисела Вода 1: ул.Сердарот (ниска вегетација); Општина Кисела Вода 2: ул. Паризански пат нас. Драчево (стари дрвја, гуми и ѓубриште);

Општина Струмица: Место викано Софилари и с.Баница (ниска вегетација, стрниште и трска);

Општина Гевгелија: Место викано Беќарови Чешми (ниска вегетација);

Општина Битола 1: с.Брник (ниска вегетација);

Општина Битола 2: Кај туланата (ниска вегетација); Општина Крушево: с.Врбоец (ѓубриште и ниска вегетација);

Општина Ресен: с.Бела Црква (ниска вегетација),

Општина Прилеп 1: Место викано Заград (ниска вегетација);

Општина Прилеп 2: ул.Осоговска (ниска вегетација);

Општина Пехчево: Во близина на Пехчево (ниска вегетација);

Општина Пехчево 2: с.Црник (ниска вегетација);

Општина Делчево: Индустриска зона (ниска вегетација и стрниште);

Општина Кочани: с.Соколарци (ниска вегетација);

Општина Куманово1 : Кај Гробиштата во с.Добрашане (ниска вегетација);

Општина Куманово 2: Кај наплатна рампа Романовце (ниска вегетација);

Општина Куманово 3: с.Добрашане (ниска вегетација);

Општина Крива Паланка: с.Матинци маало Бзјаци (ниска вегетација и букова шума);

 Општина Кратово: с.Коњух (ниска вегетација и грмушки);

Општина Јегуновце: с.Вратница (ниска вегетација);

 Општина Брвеница: с.Седларце (ниска вегетација и стрниште);

Општина Желино: с.Мерово (ниска вегетација и стрниште);

 Општина Тетово: с.Ларце (мешана шума);

Општина Гостивар: с.Бањица (ниска вегетација);

Општина Сопиште: Над депонија Дрисла 

Зачлени се на нашиот е-билтен