ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

ЦУК информира дека во Макеоднија има уште пет активни пожари

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор:

АКТИВНИ пожари (5):

Општина Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)

Општина Гевгелија – с. Прдејци (ниска вегетација)

Општина Струмица – с. Старо Балдовци (ниска вегетација)

Општина Ресен – с. Перово (овоштарник)

Општина Велес – с. Џидимирци (мешана шума)

Под контрола (6):

Општина Македонски Брод – с. Рамне – с. Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)

Општина Македонски Брод – с. Слатина (мешана шума)

Општина Македонски Брод – с. Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума)

Општина Македонски Брод – во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација)

Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)

Општина Чучер Сандево – помеѓу с. Блаце и с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)

Локализирани (6):

Општина Прилеп – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид (приземен во мешана шума)

Општина Свети Николе – с. Делисинци (ниска вегетација, стара напуштена куќа)

Општина Теарце – с. Непроштен (ниска вегетација)

Општина Старо Нагоричане – с. Никуљане (мешана шума)

Општина Старо Нагоричане – с. Ругинце (ниска вегетација)

Општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу м.в. Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде нема активен пламен, туку чад во карпест дел (шумски пожар)

Изгаснати пожари (8):

Општина Чучер Сандево – кај црквата Св. Тројца (ниска вегетација)

Општина Македонски Брод – с. Белица (нискостеблеста шума)

Општина Велес – ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација)

Општина Куманово – кај хотелот Куба, м.в. Преовце (ниска вегетација)

Општина Демир Хисар – с. Кутретино (ѓубриште)

Општина Сопиште – с. Света Петка (ниска вегетација)

Општина Кавадарци – ул. Црноречка (ниска вегетација)

Општина Струмица – с. Иловица (меѓа од гранки)

Зачлени се на нашиот е-билтен