Од Демократската унија за интеграција преку соопштение ја информираат јавноста дека партискиот претседател Ахмети, денес бил во Приштина на средба со косовската претседателка на Вјоса Османи.
Од таму велат дека се одржала во топла атмосфера а дека фокусот на разговорот бил на политичката ситуација во двете земји, регионалните предизвици, меѓусебната соработка и загрижувачките случувања во Северна Македонија.
„Ахмети ѝ се заблагодари на претседателката Османи за топлиот прием и го пофали нејзиниот лидерски ангажман во достоинственото претставување на Косово на меѓународната сцена. Тој ги поздрави успешно завршените избори и изрази очекување за брзо формирање на институциите, како и за потребата од поблиска координација и заеднички ставови во одбрана на заедничките интереси и зачувување на стабилноста, мирот и евроатлантската интеграција во регионот“, пишува во партиското соопштение.
Ахмети ја изразил својата длабока загриженост за влошувањето на политичката и институционалната состојба во Северна Македонија, каде Албанците биле под систематски напад од еден хибриден политичко-олигархиски блок со етнички супремацистички карактер и со политички инжињеринг на албанското претставување.
„Денес, Албанците се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор. Уставниот суд се трансформира во партиски инструмент со кој се укинуваат темелите на еднаквоста, како што се употребата на албанскиот јазик и механизмите на Бадентеровото мнозинство и балансерот. Ова претставува флагрантно прекршување на принципот на меѓуетничка еднаквост,“ истакнал Ахмети.
Тој и се пожалил на Вјоса Османи дека европската агенда е маргинализирана, а земјата е оддалечена од патот на интеграцијата и соживотот.
„За првпат, во јавниот и политичкиот дискурс почнуваат да навлегуваат алтернативни идеи спротивни на мултиетничкиот и унитарен карактер на државата, како што е предвидено со Охридскиот рамковен договор“, и рекокл Ахмети на Османи.