Компанијата United Parcel Service (УПС) годинава планира да укине околу 20.000 работни места и да затвори 73 објекти, откако во јануари значително го намали обемот на работа со својот најголем клиент Амазон, кој учествуваше со 12 отсто од приходите на УПС, јави денеска „Волстрит журнал“.
Компанијата е доставувач на пратки со најголеми приходи во светот и вработува околу 490.000 луѓе. Таа лани затвори 11 објекти и отпушти 12.000 работници. Новиот бран отпуштања и затворања е дел од стратегијата за преструктуирање на ланецот и намалување на трошоците во услови на економска неизвесност, соопшти директорката Керол Томе.
УПС годинава очекува трошоците да изнасуваат од 400 до 600 милиони долари. И покрај тоа што резултатите за првиот квартал беа подобри од очекуваното – со профит од 1,19 милијарди долари и приходи од 21,5 милијарди – компанијата, како и многу други ентитети во САД, не дава прогнози за целата година, и очекува разврска на новата царинска политиката на администрацијата во Вашингтон.