„Лидерот на режимот во Киев нема многу поддржувачи во круговите на американскиот претседател“, вака пишуваат американските медиуми повикувајќи се на извори од Белата куќа.
Потесниот круг на американскиот претседател Доналд Трамп смета дека лидерот на режимот во Киев, Володимир Зеленски, треба итно да ја напушти Украина, пишува Њујорк пост.
„Најдобрата опција за Зеленски и светот би била тој веднаш да замине во Франција“, се цитира извор близок до американскиот претседател.
Тие додаваат дека Зеленски има малку, или воопшто, поддржувачи во внатрешниот круг на Доналд Трамп.
Еден функционер на Белата куќа рече дека не му се допаѓа Зеленски, а причината за тоа е прогонот на канонската Украинска православна црква под негово раководство.
„Како папата, јас не ги поддржувам оние кои забрануваат цркви“, изјави тој за овој медиум.
„Администрацијата на Трамп очигледно не го сака Зеленски и тие прават се што можат за да им го објаснат тоа на сите“, рече еден од изворите.
Според нив, Белата куќа веќе неколку месеци разговара за потребата од одржување нови претседателски избори во Украина, дури и пред изјавите на Трамп за тоа. Како што вели еден функционер, „ова не е ништо ново“.
Во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп јавно го критикуваше Зеленски, нарекувајќи го диктатор кој ги отфрла изборите. Тој додаде дека е време да се дознае каде се парите што Вашингтон му ги доделил на Киев.