Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе го посети Гренланд во петок во време кога претседателот Доналд Трамп го обновува своето инсистирање Вашингтон да ја преземе контролата врз полуавтономната данска територија.
Во намалената верзија на планот за патување што ги налути властите и во Гренланд и во Данска, се очекуваше Венс да полета до американската воена база во Питуфик на северот на арктичкиот остров.
Според условите на договорот од 1951 година, САД имаат право да ја посетат својата база кога сакаат, се додека ги известат Гренланд и Копенхаген.
Првичниот план беше сопругата на Венс, Уша, да посети популарна трка со санки со кучиња заедно со советникот за национална безбедност Мајк Волц, иако тие не беа поканети од властите ниту на Гренланд, ниту на Данска.
Валц, кој се соочи со притисок поради дискусијата на претставниците на администрацијата на Трамп за чувствителните планови за напади на Хутите на апликацијата за пораки Signal, сепак ќе биде на патувањето на Гренланд, според извор од Белата куќа.
Вршителот на должноста премиер на Гренланд Муте Егеде ја нарече посетата провокација бидејќи земјата сè уште нема формирано нова влада по изборите на 11 март.
Данскиот премиер Мете Фредериксен ја нарече посетата на САД „неприфатлива“, иако министерот за надворешни работи Ларс Локе Расмусен ја поздрави веста за ревидираната посета како позитивен, деескалирачки чекор.