Соедниетите Американски Држави ќе останат многу посветени и заинтересирани за членството на Северна Македонија во ЕУ. Ако јас бев Македонец ќе се чувствував комотно дека САД ќе останат партнер на државата и нејзините граѓани, рече поранешниот конгресмен од Републиканската партија на САД, Бил Флорс, во врска со тоа дали се очекува промена на надворешната плитика на САД за Западниот Балкан. Според него, сепак ќе има поголемо нагласување на обидите да се реши предизвикот со Блискиот исток и Украина. завршување на претседателските избори очекува да се промени надворешната политика на САД и дали ќе се зголеми интересот за Западен Балкан.
оранешниот конгресмен Флорс, смета дека пристапувањето во ЕУ е важно не само затоа што тоа ќе ја направи ЕУ посилна, туку исто така е важно и за економијата на Северна Македонија.
– Повторно ќе кажам дека Макеоднија ќе има добар партнер. Бев тука во 2018 година, како дел од Преспа процесот и кога државата организираше референдум за промена на името и многу луѓе мислеа дека тоа ќе биде последен чекор, но ЕУ кажа дека има уште еден чекор за пристапување. САД ја поддржуваат Северна Македонија во тој процес, нагласи Флорс, за Сител.
Дејвид Скагс, поранешен конгресмен од Демократската партија, истакна дека негово лично мислење е дека во интерес на САД е Северна Македонија да биде целосно интегрирана во европскиот систем, и одбранбено и економски.
– За нас тоа има смисла, но мора да бидеме внимателни каква може да биде нашата соодветна улога, да не им кажуваме на други држави што да прават, рече тој.
Двајцата американски конгресмени нагласија дека согласно она што виделе на средбите во Собранието, уверени во способноста на македонскиот Парламент да оди напред.
– Врз основа на тоа што го видовме деновиве знаеме дека Собранието има усвоено Етички кодекс, но тој се уште не е целосно имплементиран. Според разговорите што ги имавме денеска, имаме впечаток дека сите и вработнеите и пратениците, би сакале да имплементираат систем во кој ќе се вметнат најдобрите практики и ние се надеваме дека овој ентузијазам што го видовме ова утро ќе продолжи, рече меѓу другото Бил Флорс.