Американското Министерство за здравство денеска соопшти дека во рамките на „големата реорганизација“ ќе бидат отпуштени 10.000 вработени. Предвидено е некои работни места да се укинат, а на дел од вработените ќе им биде понудено доброволно да заминат и предвремено да се пензионираат.
Отпуштањата ќе бидат во одделенијата на Министерството и во агенциите кои ја надгледуваат неговата работа, вклучувајќи го и персоналот за одговор на епидемии и одобрување на нови лекови.

Предвидено е и намалување на бројот на одделенија од 28 на 15 и намалување на бројот на регионални здравствени филијали.
Претседателот на САД, Доналд Трамп направи големи намалувања на работните места во федералната влада, со масовни отпуштања, кои се оспорени на суд.