Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анкета: Германците против лидерска улога на Германија во НАТО

Повеќето Германци не ја поддржуваат идејата за зголемена лидерска улога на Германија во НАТО, покажува анкета на агенцијата „YouGov“.

Само 33 отсто од испитаниците се согласуваат со оваа идеја, додека 41 процент сметаат дека земјата треба да остане на истото ниво на ангажираност, а 16 отсто се за намалување на улогата или напуштање на Алијансата.

Ставовите значително варираат според политичката припадност. Поддржувачите на „Зелените“ и Партијата на слободни демократи се попозитивно настроени, додека симпатизерите на екстремно десничарската „Алтернатива за Германија“ се повеќе критички настроени кон НАТО.

Зачлени се на нашиот е-билтен