Антонио Кошта: Србија наскоро би можела да напредува во преговорите

фото FLICKR

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави вчера во Брисел дека Србија наскоро би можела да постигне напредок во преговорите за пристапување во ЕУ, имајќи ги предвид некои позитивни оценки на Европската комисија и фактот дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е нешто подобро од претходно, јавија српските медиуми.

„Србија не е целосно усогласена, но има напредок, особено во однос на Украина. Србија беше многу силен поддржувач на Украина, на дипломатска, хуманитарна и воена основа и е многу важен сојузник во борбата на украинскиот народ за праведен и траен мир“, изјави Кошта пред медиумите во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи на 18 декември во Брисел.

Според него, во влезот во ЕУ важен момент се преговорите меѓу Европската комисија и земјите кандидати, додека друг важен момент е едногласното одобрување на сите земји-членки за следниот чекор.

Зачлени се на нашиот е-билтен