Апелацискиот суд во Париз соопшти дека денеска добил три жалби на одлуката на првостепениот суд да ја осуди лидерката на Националното собрание Марин Ле Пен на четири години затвор за проневера, од кои две се условни и да и се забрани да извршува каква било јавна функција во следните пет години, јави телевизијата БФМ.
Во соопштението се наведува дека Апелацискиот суд „ќе го разгледува предметот во рок што треба да овозможи да се донесе одлука во летото 2026 година“.
Тоа би значело дека судењето пред Апелацискиот суд ќе се одржи најдоцна на почетокот на 2026 година и дека пресудата ќе биде донесена многу пред претседателските избори во 2027 година, што го бараа неколку политички лидери.