Арбер Адеми од ДУИ, на неговиот фејсбук профил го коментираше излегувањето на Таравари од владата, со тврдење дека излегол заради тоа што немал легитимитет ај Албанците.
„Пред една година, не се случи никаква промена, туку едноставно насилна политичка ротација без волјата на Албанците. Оние што дојдоа, дојдоа без легитимитет и без вистинско претставување на гласот на Албанците. И денес, по една година, резултатот е јасен:
Малкумина беа, уште помалку останаа.
Кога недостасува легитимитет и искрена поддршка од граѓаните, ниедна моќ не се одржува долго. Во 2006-2008 година траеше 18 месеци, сега трае 9 месеци.
Албанците зборуваа јасно, тие сакаат достојна застапеност, а не декоративни бројки во владата“, напиша тој.