Вицепремиерот Издет Меџити најви кривична за градоначалничката Данела Арсовска поради како што вели пласирањето дезинформации дека објектот во Чаир пред кој се фотографирала и го објавила бил дивоградба.
Меџити посочува дека ова се последни обиди на ДУИ за дестабилизација преку општините и користејќи ја Арсковска. Вчера во доцните часови граѓани од Чаир предводени од градоначалникот Висар Ганиу пристигнаа пред седиштето на Град Скопје, каде симболично го исфрлија ѓубрето кое претходно го собраа од улиците на Старата чаршија.
„Ова е екоцид што му се прави на нашиот народ. Ние сме затрупани во отпад. Но, нема така да останеме. Народот ќе реагира и ќе добие одговор, бидејќи ние сме даночни обврзници“, Висар Ганиу градоначалник на Чаир.
По некое време од герила акцијата на Ганиу од пред градските бараки пристигна и Арсовкска која повторно преку социјалните мрежи јавно прашуваше каде побегнал градоначалникот на Чаир и зошто не ја почекал да дојде.
Синоќешниот настан од пред град Скопје, помина без посериозни инциденти и присуство на полицијата. Градоначалничката Арсовска најави дека продолжува да ги обелоденува незаконските делувања на чаирскиот градоначалник Ганиу обликувани во 150 предмети. Таа денеска на својот фејсбук профил се обрати до јавното обвинителство потсетувајќи го на можностите за кривично дело да дознаваат преку непосредно забележување, по допрен глас или кривична пријава.
Повикувајќи го обвинителството да делува и да не биде во функција на политички промотот на власта, Арсовска информира дека до сега дивоградбите биле пријавувани писмено и по допрен глас до обвинителството но, тоа до сега не повело никаква активност.