Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тајани: Уапсената дописничка на италијански весник во Иран е во озлогласениот затвор Евин во Техеран

Уапсената дописничка на италијанскиот весник „Ил Фољо“ од Иран, Сесилија Сала е во самица во озлогласениот затвор Евин во Техеран, а обвиненијата против неа се уште не се познати, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Тој изјави дека новинарката е во добра состојба и дека Италија работи на нејзино враќање во земјата.

„Сала е во добра здравствена состојба. Ќе видиме колкави се обвиненијата. Владата работи да ја врати во Италија“, изјави Тајани за РАИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен