Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

 Поранешниот американски претседател Џо Бајден денеска им изрази благодарност на сите добронамерни луѓе за пораките на поддршка што ги доби откако објави дека му е дијагностициран рак на простата.

„Ракот сите нè погодува“, напиша 82-годишниот поранешен претседател на платформата X.

Бајден рече дека тој и неговата сопруга Џил, како и многу други, откриле дека се најсилни во најтешките времиња.

„Ви благодариме што нè кревате со љубов и поддршка“, продолжи Бајден.

Поранешниот американски претседател објави фотографија на која се смешка кон камерата, а неговата сопруга држи мачка во раце.

Вчера се дозна дека Бајден има рак на простата. Кабинетот на Бајден објави дека станува збор за агресивна и напредна форма на болеста што се проширила на коските, додавајќи дека состојбата може да се контролира.

Претседателот Доналд Трамп, претходник и наследник на Бајден, му посака на Бајден брзо закрепнување откако беше објавена дијагнозата, а пораки со поддршка испратија и  поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Ова не е прва дијагноза на рак во семејството Бајден. Неговиот најстар син Бо почина во 2015 година од тумор на мозокот на 46-годишна возраст. 

Зачлени се на нашиот е-билтен