Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден со нови, пожестоки санкции за рускиот енергетски сектор

Спроед „Вашингтон пост“ администрацијата на Џо Бајден ја разгледува можност за нови, пожестоки санкции против енергетскиот сектор на Русија и нејзината способност да извезува нафта и гас пред заминувањето од Белата куќа на 20 јануари.

Според изворите на весникот, новите рестрикции треба негативно да влијаат на воениот буџет на Русија и нејзината способност да ја финансира војната во Украина, но и да бидат алатка за новиот американски претседател, Доналд Трамп во преговорите за мир.

На овој начин Бајден сака да го формира своето економско и надворешнополитичко наследство кое ќе остане и по неговото заминување од Белата куќа.

„Според изворите, опциите што ги разгледува администрацијата вклучуваат и повлекување на лиценците на банките кои вршат трансакции со руски компании во областа на енергетиката“ пишува Вашингтон пост.

Како што се наведува во текстот, со санкции може да бидат опфатени и извозниците на нафта од Русија, како и таканаречената „темна флота“ на меѓународни танкери што Русија ги користи да  транспортира „црно злато“ во земји како Индија или Кина.

На почетокот на војната администацијата беше загрижена од тоа дека престроги санкции против енергетскио сектор на Русија можат да ги повишат цените на гасот и бензинот во САД, но сега со намалената инфлација и крајот на изборите политичките пресметки се изменети, коментира весникот.

Зачлени се на нашиот е-билтен