Бегај на „Акаба Процес Балкан III“: Тероризмот е заедничка закана и бара заеднички одговор

Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, на состанокот „Акаба Процес Балкан III“ во Софија ја потврдил позицијата на Албанија како дел од Глобалната алијанса и антитерористичките платформи, нагласувајќи го значењето од „одговорност, солидарност и заедничка посветеност пред секаква закана и предизвик“.

– Тероризмот не познава граници, националност, религија или етничка припадност. Тоа е заедничка закана и бара заеднички одговор. Албанија е сигурен регионален и глобален партнер, со постојан придонес во борбата против насилниот екстремизам и тероризам. Веруваме дека долгорочниот мир и безбедност може да се постигнат само преку регионална и меѓународна соработка и споделена одговорност, рекол шефот на албанската држава.

Наспроти заканите кои не познаваат граници, апелирал тој, потребно е да ја потврдиме нашата заедничка цел, да дејствуваме со решителност и разбирање, за да ги заштитиме основните човекови права за мир и безбедност.

Ги запознал учесниците на самитот со стратегиите усвоени од Албанија, за борба против тероризмот и насилниот екстремизам, кои нудат модел на сеопфатен пристап, кој ги вклучува државните институции, граѓанското општество, свештенството и заедницата.

Според него искуството на Албанија во спречувањето терористички акти претставува успешна приказна.

– Преку Координативниот центар против насилен екстремизам, Албанија е трансформирана во модел на регионална експертиза. Нашата практика за превенција, рехабилитација, реинтеграција, ресоцијализација е меѓународно призната како добра практика од нашите стратешки партнери. Ова искуство Албанија го сподели со земјите партнери од регионот и светот, нагласил тој.

Состанокот во Софија, кој е во коорганизација на кралот на Јордан, неговото височество Абдула Втори и бугарскиот претседател Румен Радев, доаѓа по самитот што се одржа во Тирана во 2018 година.

Акаба Процесот, преземена од неговото височество, кралот Абдула Втори од Јордан има за цел да ја одржи регионалната и меѓународната координација и соработка во борбата против тероризмот, екстремистичките идеологии и радикализацијата преку сеопфатен пристап.

Зачлени се на нашиот е-билтен