Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Белата куќа по состанокот во Ријд: „Ова е историски чекор“

Белата куќа, состанокот на американско-руската делегација во Ријад го нарече „историски чекор“ кон мирот во Украина.

„Средбата меѓу руските и американските претставници беше првиот од многуте чекори што ќе бидат потребни за решавање на конфликтот во Украина“, се додава во соопштението на Белата куќа.

Состанокот на делегацијата на САД и Русија во Ријад претставува прв конкретен чекор кон решавање на конфликтот во Украина. Оваа иницијатива наиде на големо внимание и кај домашната и кај меѓународната јавност, со оглед на значењето на овој конфликт во глобалните геополитички случувања.

Дијалогот меѓу САД и Русија е суштински за решавање на бројни меѓународни прашања, а конфликтот во Украина претставува едно од клучните прашања во нивните односи. Затоа, секој чекор кон постигнување договор за мирно решавање на овој конфликт има далекусежни последици и може да влијае на глобалната политичка сцена.

Зачлени се на нашиот е-билтен