Белгија нема да прифати никакви одлуки за иднината на Украина што би биле донесени без согласност на украинските лидери, порача денеска белгискиот премиер Барт де Вевер на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На билатералната средба, одржана во Брисел пред почетокот на денешниот специјален Европски совет посветен на Украина и одбраната на Европа, Де Вивер порачал дека Киев може да смета на „континуирана поддршка“ од страна на Белгија.
– Русија е агресор, Украина е жртва. Тоа никогаш не смееме да го загубиме од вид, изјави Де Вивер.
Инаку, на маргините на денешниот Самит на ЕУ, Зеленски се сретнал и со францускиот претседател Емануел Макрон, со кого разговарал за „најновите идеи и планови за Украина“ насочени кон постигнување праведен и траен мир.