Белгија се приклучува кон Меѓународната коалиција што ја поддржува Украина во спроведувањето електронско војување, изјави белгискиот министер за одбрана Тео Франкен.
Коалицијата од 11 земји беше формирана пред два месеци за да им помогне на силите на Киев да ги подобрат своите комуникации, да се заштитат од напади со беспилотни летала и да ги надминат електронските попречувања.
Се очекува Естонија, Италија, Шведска и Турција да се приклучат на Коалицијата.
„Електронското војување е суштински дел од денешните конфликти, а со приклучувањето кон заедничките напори, Белгија не само што ја зајакнува одбраната на Украина, туку и ги подобрува сопствените капацитети во оваа област“, истакна Франкен.
Белгија, исто така, учествува во заеднички акции за да ѝ се обезбеди на Украина борбени авиони, чистачи на мини, информатичка технологија, муниција, беспилотни летала и системи за воздушна одбрана.