Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, чиј политички субјект ја предводеше изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“, на прес-конференција објави дека не ги признава резултатите од парламентарните избори на 11 мај, оценувајќи дека биле „најсрамната фарса во 32 години плурализам“.
-Ова беше срамна изборна фарса. Најсрамната во 32-годишната историја на плурализмот во Албанија. На овие избори, како никогаш досега, целата држава излезе со сета своја грдотија против граѓаните. За да изврши најразлични притисоци, ги користеше сите свои средства, ги користеше своите функционери за најразлични форми на притисок, обвини тој.
Додаде дека на 11 мај се случила голема трагедија за албанската демократија, нагласувајќи дека „никогаш досега мафијата не ги напаѓала албанските граѓани со поголема жестокост како нарко-државата на Еди Рама“.
Бериша со жестоки обвинувања и до првиот човек на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал, Алтин Думани, велејќи меѓу другото „жртвениот јарец Думани молчеше пред лицето на изборниот криминал“.
Во новиот парламентарен состав коалицијата на Бериша има 50 пратенички места, од нив 46 на затворените листи што значи сигурни мандати, додека само четири на отворените листи за кои се гласаше на 11 мај. Социјалистите на Еди Рама имаат 83 од нив 46 исто така на загарантираните листи, додека останатите 37 отворените листи.