Системот „Безбеден град“ ќе почне да функционира догодина. Првите казни преку овој систем ќе се изрекуваат од 1 јануари 2026 година, но ќе се испраќаат предупредувања до возачите за направените прекршоци и порано. Дел од системот „Безбеден град“ ќе бидат и возила со опремени со паметни камери кои при движење во рамки на конкретни сообраќајници и улици ќе ги констатираат сите погрешно паркирани возила.
од МВР соопштуваат дека работната група утврдила дека за да профункционира системот „Безбеден град“, потребни се промени во пет законски решенија и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение.
Од МВР соопштуваат до крајот на месец март ќе има првична верзија на сите закони коишто треба да влезат во процедруа се со цел во април да влезат во владина процедура, а се очекува до крајот на месец април да влезат и во собраниска процедура.
„Во однос на возилата со паметни камери што ќе регистрираат прекршоци, според МВР, тие веднаш ќе бидат процесуирани и во рамки на системот врз основа на компјутерска обработка на податоците што ќе бидат внесени во системот. Се најавува дека овој процес ќе биде многу транспарентен“, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Предмет на анализа се и електрични тротинети и велосипеди и оти ќе се најде соодветна законска легислатива која што би можела да овозможи регулирање на овој тип на сообраќај.
Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, рече дека системот „Безбеден град“ е во согласност со целите на одржлив развој на ОН.
„Намерата е до 2030 година да се преполови бројот на смртни случаи и повреди од сообраќајни несреќи во светот. Знаеме за големиот број на сообраќајни несреќи во оваа земја којшто е над европскиот просек, и сакаме да и помогнеме на Владата со помош значи на различни чинители како МВР, Министерството за правда, тој просек да биде што поблизок до просекот на ЕУ, односно доста понизок од сегашниот, рече Григоријан.
Постапката и измените за побезбеден сообраќај следуваат по масовните протести на граѓаните под мотото „Кој е следен“, откако во сообраќајната несреќа загина 22-годишната студентка Фросина Кулакова, на 29 јануари годинава.
Инаку поред МВР, во последните десет дена регистрирани се зголемен број прекршоци, а бројот на сообраќајни незгоди е намален за 30 отсто и сообраќајни незгоди со жртви за 60 отсто.
МВР, информираше дека од почетоков на месецов заклучно со 20 февруари, полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР издале 18.132 платни налози на граѓани-учесници во сообраќајот за сторени прекршоци по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Најголем дел од тие непочитувања на сообраќајните правила и прописи се однесуваат на пречекорување на брзината на движење – 6.056, потоа непрописно паркирање – 4.213 инепоседување на возачка дозвола – 1.510.
Сепак овие бројки покажуваат дека прекршоцоте годинава се двојно зголемени во однос на лани. Ако во 2024 година имало околу 2.000 прекршоци на ниво на СВР Скопје за период од 10 дена, годинава има околу 4.000 прекршоци, што се констатирани со зголеменото присуство на полицицајци на терен.