Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Би-Би-Си му постави на Путин незгодно прашање, тој во одговорот ги спомна Југославија и Белград

Рускиот претседател Владимир Путин во своето вчерашно традиционално годишно обраќање зборуваше четири и пол часа, а за тоа време одговараше и на десетици новинарски прашања.

Новинарот на Би-Би-Си, Стив Розенберг, разговарал со Путин на руски и го прашал дали се грижи за Русија за време на неговите 25 години на власт.

Го прашав Владимир Путин: „Пред 25 години Борис Елцин ви ја предаде власта и ви рече да ја заштитите Русија. Со оглед на значителните загуби во Украина, украинските војници во регионот Курск, санкциите и инфлацијата, мислите ли дека успеавте да го направите тоа?“, напиша Розенберг на X заедно со видеото од одговорот на Путин на неговото прашање.

Путин одговори дека Русија „го вратила својот суверенитет“

„Да, и не само што се грижев за Русија, туку и ја спасив од пропаст, бидејќи се што и се случуваше на Русија пред и потоа, одевме кон целосно губење на нашиот суверенитет. И без суверенитет, Русија не може да постои како независна земја“, рече Путин, а потоа се осврна на Елцин.

„Се беше добро, го патронизираа и го тапкаа по грбот. Замижуваа на тоа кога беше пијан. Тој беше пречекуван во сите западни кругови. Во моментот кога го крена гласот и ја поддржа Југославија, во моментот кога рече дека тоа е спротивно на меѓународното право и повелбата на ОН, во моментот кога рече дека во модерна Европа не е прифатливо да се таргетира Белград, европската престолнина, без одобрение од Советот за безбедност на ОН, веднаш му се нафрлија, го нарекуваа со погрдни имиња, рекоа дека е пијан и слично. Не се сеќаваш на тоа? Направив се за да може Русија да биде независна суверена земја која носи одлуки во свој интерес, а не во интерес на другите земји кои те тапкаат по рамо за да можат да те искористат за свои цели. Спомнавте инфлација. Да, имаме инфлација и ќе се бориме со неа. Но, имаме и економски раст. Ние сме четврта земја во светот по куповна моќ. Ние сме на прво место во Европа, многу пред Велика Британија. Подготвени сме да работиме со Велика Британија доколку таа е подготвена да работи со нас. Но, ако тоа не се случи, ќе се снајдеме без поранешните сојузници и антихитлеровата коалиција“…, рече Путин

Зачлени се на нашиот е-билтен