Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: За намалување на цените до 30% Владата треба да ги спроведе предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи смета дека е добро да се слуша опозицијата, затоа што и во нивните предлози биле посочени замрзнување на цените и одредување на бруто маржа на производите. Сепак Битиќи смета дека владината мерка е задоцнета, бидејќи требаше да реагира многу порано.

„За реално намалување на цените и поддршка на стандардот на граѓаните владата треба да ги прифати предлозите на СДСМ. Ние пошироко гледаме затоа што знаеме со што се соочувавме кога инфлацијата беше на доста високо ниво. Владата денеска требаше да оди уште порадикално, а тоа е наместо 102 групи на производи да ги опфати сите категории на производи, тие се 238 групи на производи коишто се со повластена даночна стапка од 5%“, рече Битиќи, за Сител.

Битиќи истакна дека мерките предложени од СДСМ за намалување на ДДВ за струја од 18 на 5% и укинување на ДДВ за основни прехранбени производи, значително ќе се намалат цените а со севкупниот пакет мерки и примена на Законот за нефер трговски практики цените може да се намалат и до 30%.

„Законот намалување на ДДВ за електричната енергија директно ќе направи притисок за намалување на цената од 13%, а може и повеќе, додека укинувањето на ДДВ не би се однесувало на 100 групи на производи, туку на сите 238 групи и ќе доведе до реално поевтинување од 18% веднаш. Ако законот за нефер трговски практики се примени само еден месец, заедно со мерките што денеска ги донесе владата и заедно со мерките што ги предложи СДСМ цените севкупно ќе се намалат за 30%“, порача Битиќи.

Тој нагласи дека замрзнувањето на цените не може да биде од 1 февруари како што предвидува власта, затоа што податоците на заводот за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените.

„Се земаат зголемени цени, па се замрзнуваат. Требаше да се вратат наназад неколку месеци, најмалку 3 месеци, затоа што секое претпријатие дали на големо или мало операрира со одредени количини прoизводи кои ги има набавено пред 2-3 месеци со други цени. Сега вие им дозволувате да продадат производи со зголемени цени“, нагласи Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен